Чувство, не само чистота
Моментот кога ќе се вратите дома по долг работен ден во пријатен, смирувачки и безбеден влез има име.
Одржување и управување со станбени објекти · Скопје
Сите сакаме кога ќе влеземе дома да почувствуваме дека сме на вистинското место. Мирно, чисто, уредно и пријатно.
Токму од таа едноставна идеја настана HYGGE.
01 — Нашата мисија
Просторот во кој живееме влијае на тоа како се чувствуваме.
Нашата мисија е да им го олесниме секојдневието на луѓето. Во пребрзиот и хаотичен начин на живот домот да биде место кадешто ќе се чувствувате мирно и спокојно.
Чисто. Уредно. Пријатно. Тоа е HYGGE.
услуги за зградата под еден покрив
достапност до секој станар, не само до куќниот совет
внимание на местата што другите ги прескокнуваат
02 — Зошто HYGGE
Веруваме во нашата мисија за подобар живот, кој започнува од местото на живеење.
Моментот кога ќе се вратите дома по долг работен ден во пријатен, смирувачки и безбеден влез има име.
Аглите, рачките и местата низ кои секојдневно поминувате — таму каде што се гледа разликата меѓу чисто и само „намирисано“.
Не доаѓаме само да исчистиме и да си заминеме. Го запознаваме објектот и се грижиме за него со години.
Управување, администрација, организација на поголеми зафати и правна помош — сè на едно место.
03 — Што работиме
Ги одржуваме станбените објекти чисти и уредни — редовно, тивко и без потсетување.
04 — HYGGE
Услуги
Дванаесет услуги, еден тим и единствена мисија — чиста зграда и задоволни станари. Услугите кои ги нудиме ги комбинираме согласно потребите на секој станбен објект. Со ваша согласност и наша реализација ќе направиме план за одржување и управување кој функционира во согласност со вашите желби и потреби.
Во услугата е вклучено чистење на подови, поштенски сандачиња, ракохвати и влезна врата — согласно договорената динамика, во термин што нема да им пречи на станарите.
Кат по кат, од партер до последниот спрат. Влажно бришење на газиштата, чистење на аглите и подрачјето под ракохватот, отстранување на прашина од оградите и прозорските прагови на меѓукатните површини.
Кабината, огледалото, командната табла и вратите — местата што ги допираат сите, секој ден. Работиме со средства што не ги оштетуваат површините и водиме евиденција за секое чистење.
Стаклените површини во заедничките делови, влезните врати и прозорците на скалишниот простор. Повеќе светлина во влезот е најбрзиот начин зградата да изгледа поинаку.
Она што редовното одржување не го покрива: машинско чистење на подови, отстранување на стари наслаги, чистење на радијатори, светилки, врати на подрумските простории и таваните.
Градежна прашина, остатоци од малтер, траги од лепенка и боја. Го враќаме влезот во состојба во која станарите нема да познаат дека имало работа во зградата.
Ја преземаме улогата на управител: комуникација со куќниот совет, водење на евиденцијата, наплата и распределба на трошоците, надзор над сите активности во објектот и редовно известување до сопствениците.
Фасада, покрив, водовод, електрика, реконструкција на влез. Собираме понуди, ги споредуваме, го организираме изведувањето и го надгледуваме квалитетот — за да не мора куќниот совет да трча по мајстори.
Договори, одлуки на собранието на сопственици, решавање на проблеми со надлежните државни институции и решавање на административни прашања и слична проблематика.
Чистење на подруми, тавани, шахти и заеднички простории со овластени средства и издадена потврда за извршеното чистење. Планирано, најавено и без непријатности за станарите.
Секој станар може да нè контактира директно — не само претседателот на куќниот совет. Пријавите за дефекти, забелешките и барањата ги примаме и ги решаваме без посредници.
Секоја зграда е различна. Двор, гаража, зеленило, снег, контејнери, замена на светилки — ако објектот има потреба, ја вклучуваме во договорот.
Како работиме
Доаѓаме, го гледаме просторот кат по кат и ги слушаме забелешките на станарите.
Јасен список на активности, динамика на извршување и транспарентна месечна цена. Без ситни букви.
Редовно, тивко и во договорени термини. Истиот тим доаѓа во вашата зграда — луѓето ги познавате.
Проверка на квалитетот, евиденција за секое чистење и отворена комуникација со куќниот совет.
Контакт
Оставете ги основните податоци за вашата зграда. Доаѓаме на увид, а понудата ја добивате во рок од 48 часа.
Следен чекор